Диети, вежби, одрекувања, измачувања, се што треба за да се изгуби некое килце. Но, за оние што имаат многу пари, тоа не е проблем. Можат да си одберат некој од хотелите кои ги нудат најдобрите програми за слабеење. Еве неколку од нив и колку чини една недела престој:
7. Green Valley Spa: 3.500 долари
Овој хотелски ресорт е интезивен регрутен камп за губење на тежината. Ресортот нуди кабини за слабеење, диети според крвната група, интензивни фитнес часови и многу други активности. Еднонеделниот престој ќе ве чини 3.500 долари.
6. Green Mountain at Fox Run: 3.600 долари
Овој хотелски ресорт е само за жени и програмите се фокусирани за полесно губење на килограмите. Минималниот престој во овој хотел е една недела, а во активностите е вклучена и јога во природа.
5. Hilton Head Health: 3.800 долари
Овој хотелски ресорт е комбинација од луксуз и сонце. Тука ќе добиете одлични тренинзи за слабеење на отворено, а вклучен е и приватен консултант кој ќе ви овозможи на подобар начин да ги губите калориите.
4. Inspire Fit Resorts: 4.550 долари
Овој хотелски ресорт целосно ќе ви го промени животот. Секој гостин кој престојува во овој хотел добива апартман. Топлата спа бања е задолжителна, како и вежбите во џакузито. Во овој хотел гостите губат килограми и на голф терените.
3. Rancho La Puerta: 4.800 долари
Овој фитнес и спа ресорт им нуди на посетителите да ги изгубат килограмите на забавен начин. Килограмите ги губите преку забава во базен и патеки низ шумите. Исто така, одреден дел од вежбите се и во спортска сала.
2. The Ranch at Live Oak: 6.200 долари
Хотелот е фитнес центар кој им нуди на посетителите целосен третман за губење на тежина. Овој центар –хотел ќе ви овозможи да се вратите на вистинскиот пат, во здравствена смисла, нуди смирувачки фитнес, јога и пешачење.
1. Cal-A-Vie: 8.295 долари
Овој хотел е всушност регрутен камп за слабеење и е совршено луксузно место за бегство од реалноста. За седум дена престој кои чинат 8.296 долари, вклучени се и четири 50 минутни третмани масажи од различни видови.