Просечната нето плата за месец септември исплатена во месец октомври во Словенија изнесувала 972,73 евра, што е номинално 1,3% помалку од лани. Реално, земајќи ја в предвид инфлацијата, помала е за 3,8% за разлика од минатата година, соопшти словенечкиот завод за статистика.
Просечната месечна бруто плата за месец септември изнесувала 1.489 евра.
Просечната бруто плата во јавниот сектор моментно изнесува 1.734 евра, а во приватниот сектор 1.354 евра.