Пред стартот на Олимпијадата новинарите се пожалија од лошите услови во хотелите во рускиот град. Но, не се сите незадоволни, сепак Сочи нуди и многу удобни новоизградени хотели. Покрај Олимпијадата, цените на хотелите во Сочи се удвоија. Пред две години, за време на Олимпијадата во Лондон, цените се зголемија до 84%.
Видете кои се 5-те најскапи хотели во Сочи:
5. Sochi Marriott Krasnaya Polyana – 609 долари/вечер
Ова е сосема нов хотел изграден за Олимпијадата. Во близина има 30 километри скијачки патеки. Тука се сместени многу од скијачите на Олимпијадата, а по неа се очекува да привлекува туристи како луксузно скијачко одморалиште.
4. Катерина Алпик Хотел – 697 долари/вечер
Хотелот е со четири ѕвезди и нуди забава како јавање, риболов и училиште за скијање. Има затворен базен и сауна. На гостите нема да им биде здодевно и можат да практикуваат различни спортови и забава секој ден, се додека можат да си ја дозволат сметката.
3. Горки Плаза Хотел – 900 долари/вечер
Се наоѓа во срцето на олимписката акција, точно до скијачкото одморалиште Горки. Тука се наоѓаат и многу ресторани и продавници. Од овој хотел има воз до брегот на Црното Море.
2. Солис – 973 долари/вечер
Хотелот е со пет ѕвезди. Во апартманите има огромни спални и плазма телевизори, а терасите се со прекрасен поглед кон планините. За разлика од други скапи хотели, каде дополнително се наплаќа за мини-барот, тука тој е бесплатен. Има затворен базен и се наоѓа точно на ски патеките.
1. Апартман во Катерина Алпик – 1.307 долари/вечер
Ова е апарманот во хотелот под број 4. Тој има две спални и површина од 59 квадратни метри. Располага со голема кујна.