Германската канцеларија за борба против картели ги казни трите најголеми произведувачи на шеќер со 280 милиони евра поради местење на цените. Најголемиот произведувач на шеќер во Германија, Suedzucker, е казнет со 195,5 милиони евра, а покрај него казнети се и Pfeifer & Langen и Nordzucker.
Казните се однесуваат на антиконкурентско однесување, вклучувајќи ги шеќерот за индустриска преработка и за домаќинство.
Претседателот на Канцеларијата, Андреас Мундт, наведува дека компаниите основале регионален картел и со години се договарале продажбата да ја ограничат на сопствените матични области. Шеќерот се извезувал во странство и не се продавал во региони каде продавала конкуренцијата.
Картелот постоел од средината на деведесетите до 2009 година, а договорот бил постигнат со цел цените на шеќерот да останат високи.