Авиокомпанија Spike Aerospace создаде уникатен и луксузен авион кој чини 60 милиони долари.
Во овој авион повеќе нема да има кавга за тоа кој да седи до прозорецот, бидејќи целиот ѕид се претвора во прозорец кој нуди прекрасен поглед. Овој прозорец се затемнува доколку патиниците сакаат да спијат, а може да се претвори и во огромно кино.
Интересно за овој авион е тоа што со неговата брзина милионерите можат да си дозволат да отпатуваат на ручек во Париз од САД за само неколку часа.
Инженерите кои работеле на овој авион цели две години направиле од Њујорк до Лондон патувањето да трае само 3 часа. Летот од Лос Анџелес до Токио трае само 5 часа.
Капацитетот на авионот е од 12 до 18 патници, а предвидено е за прв пат да сообраќа во декември 2018 година.