Овие 10 возила се од последните 25 години, но веќе можеме да ги наречеме легендарни. Погледнете ја листа на автомобили од блиското минато, кои оставиле најголем белег во историјата на секторот во Америка:
10. Pontiac Aztek (2001-05)
Според многумина ова е еден од најгрдите автомобили на нашето време, но рангирањето е за „највпечатливи автомобили”, што не значи дека треба да се убави.
9. Ford Explorer (1991-94)
Продажбата на овој автомобил се зголеми од 283.000 во 1991 година до 403.000 во 1996 година. Во 2013 година продажбата падна до 178.000, но возилото останува едно од омилените SUV модели на Американците.
8. Hummer H2 (2003-09)
Сите се заљубени во Hummer, но кога цените на бензинот во САД се зголемија 4 долари за галон, љубовта почна да исчезнува. Продажбата се намали од 34.000 во 2003 година до 6.000 во 2008 година.
7. Mini Cooper (2002-06)
Во време во кое секој се стреми да штеди бензин, мини – автомобилите станаа многу популарни, а Mini Cooper е култен модел. Повеќето производители, вклучувајќи ги Ford, General Motors, Toyota, Honda и други почнаа да прават слични мини – модели.
6. Jeep Wrangler (1987-95)
Овој модел со изглед од Втората светска војна беше вистинска икона на 80-тите и 90-тите години.
5. Dodge Viper RT/10 (1992-95)
Во Chrysler не биле воопшто задоволни од „мускулестите” автомобили на Ferrari, Lamborghini, Porsche, Maserati и пројавиле креативност. Така се појавува Dodge Viper RT/10 .
4. Ford Mustang (2005-09)
Во 2005 година Mustang доби редизајн и продажбата се зголеми од 130.000 во 2004 година до 160.000 во 2005 година.
3. Volkswagen New Beetle (1998-2010)
Првите Beetle се појавуваат уште за време на Втората светска војна. Првиот модерен концепт се појавува во 1994 година.
2. Mazda MX -5 Miata (1990-97)
Го споредуваат со Porsche Boxster, но е со половина цена и е лесен за одржување.
1. Toyota Prius (2004-09)
Никој не се интересираше за хибридни возила, се додека не се појави овој автомобил. Ова доволно кажува за неговата популарност.