Русите преку ИНА и словенечки Петрол сакаат да создадат нафтена мегакомпанија

44

rosneftРускиот нафтен гигант Роснефт го разгледува преземањето на хрватската нафтена компанија ИНА, но и удели во словенечки Петрол. Ако им се остварат плановите, под капата на руската компанија ќе биде формирана нова вертикално интегрирана нафтена мегакомпанија со преку 10.000 вработени, 1.000 бензински пумпи и силен пазарен удел на десетина пазари на југоисточна Европа и западен Медитеран, пишува Вечерњи лист.

Овој заклучок произлегува од студијата за регионално ширење на Роснефт што ја поседува Вечерњи лист, а која може да се смета за прв опиплив доказ за интерес на големата руска компанија за Хрватска и за околните пазари.

Според руските процени, заедно ИНА и Петрол би имале доминантно влијание врз малопродажните пазари на Хрватска и Словенија, сериозна позиција во БиХ и позиција за понатамошен развој во Србија, Црна Гора, Косово и Албанија. На големопродажниот пазар, компанијата би тргнала во развој кон запад и би станала сериозна конкуренција на пазарите на јужна Австрија, Унгарија, а подоцна и северна Италија.

Заинтересот на Роснефт за ИНА, во случат унгарски МОЛ да одлучи да го продаде својот удел, медиумите веќе пишуваа, но интересот за Петрол е новост. Иако е невозможно да се добие официјална информација за тоа, од деталната анализа за синергиските ефекти на ИНА и Петрол може да се претпостави дека некакви разговори во врска со тоа веќе се направени, пишува Вечерњи.