Макпрогрес дел од СИАЛ 2012

57

Во Париз, Франција, од 21 до 25 октомври се одржа светскиот саем за храна СИАЛ 2012. На саемот што се одржува еднаш на две години, оваа година учествуваа приближно 5.900 фирми од над 100 земји, а го посетија 140.000 посетители.

Макпрогрес беше единствената компанија од Македонија која се престави на овој меѓународен саем. Макпрогрес ги презентираше производите од брендовите Винчини и Армониа. На овој саем, македонската компанија воспостави контакти со повеќе потенцијални купувачи, добавувачи, и оствари средби со веќе постоечки деловни коминтенти од целиот свет.

Саемскиот настап е важен елемент за унапредување на продажбата и за успехот на една компанија надвор од својата земја.