Убавиот накит е голема слабост на жените. Богатите дами поседуваат големи збирки што се чуваат заклучени во нивните лични сефови. И не е чудно што ги чуваат во сеф – колекцијата често чини повеќе од куќите на мнозина.
Видете кои се 10 -те елитни брендови на накит во светот:
10. Chopard
Швајцарската компанија прави часовници и накит со скапоцени камења. Тие потенцираат на изработката на деталите.
9. Mikimoto
Кикичи Микимото го започнува бизнисот во 1893 година во Јапонија. Работи само со најскапи бисери во светот и само со 18-каратно злато или платина. Обично секој накит има еден или најмногу два камена. Секој бисер што се користи е многу вреден. Повеќето модели се погодни и за текот на денот. Има и некои специјални модели, како што е ѓерданот Empress Necklace на сликата.
8. Bvlgari
Формирана е во 1884 година и е со седиште во Рим. Омилениот модел на брендот е изработката на голем накит, светли бои во камењата, а од формите најпопуларни се цвеќињата.
7. Piaget
Piaget започнува да прави часовници во Швајцарија, кои брзо стекнуваат популарност низ цела Европа. Еден од омилените мотиви на брендот е розата.
6. Graff
Она што го разликува брендот од другите, е тоа што става акцент на големите камења. Самиот Лоренс Граф вели дека ги сака големите камења, а особено дијамантите. Граф подготвува книга за историјата на брендот, која ќе се нарекува The Most Fabulous Jewels in the World и ќе чини 150 долари.
5. Tiffany
Нуди разновиден спектар накит за жени, мажи и дури и за деца. Основана е во 1837 година. Главната канцеларија на компанијата е на Петтата авенија во Њујорк. За неа работат 9.800 луѓе.
4. Buccellati
Користи висококвалитетно италијанско злато. Често мешаат злато и сребро во основата на накитот.
3. Van Cleef & Arpels
Основана е со спојувањето на Estelle Arpels и Alfred Van Cleef. Првично била со седиште во Франција. Van Cleef често користи мотиви како птици, цвеќиња и животни. На сликата се прикажани обетките птица од рајот (Birds of Paradise). Произведуваат и часовници.
2. Cartier
Ова е една од најстарите куќи за накит во светот и е основна во 1860 година од Луи Франсоа Картие. За краток период и кралското семејство му стануваат клиенти. Денес има над 200 продавници во 125 држави. Произведува и часовници.
1. Harry Winston
Хари Винстон ja основал компанијата во текот на 1932 година. Користи само ретки и многу скапи камења. Од 2000 година па наваму компанијата претставува и по еден модел на часовник.