Најлуксузните куќи во Силиконската долина

42

Пазарот на луксузни домови во Северна Калифорнија цвета. Минатата година се продадени 2.604 куќи со цена над 2 милиони долари. Тоа е раст од 28% во однос на 2012 година и највисоката бројка во историјата. Меѓу најскапите региони во Силиконската долина се Пало Алто, Кембел, Монте Серена, Лос Алтос, Сан Хозе и Маунтин Вју. Во Пало Алто се домовите на милијардерите Тим Кук и Мариса Маер. Видете кои се најскапите куќи, кои во моментов се на продажба во Силиконската долина:

Пало Алто – 7 милиони долари

s10(18)

Цената е 6.998 милиони долари, а зградата се нарекува Casa Robl и местото е доста изолирано. Кујната е опремена со теракота од Франција и Холандија.

Лос Алтос Хилс – 7,5 милиони долари

s9(23)

Изградена е во 1930 година, има огромен двор и базен. Располага со 4 спални и уште една во куќата за гости која е во дворот.

Портола Беј – 7,7 милиони долари

s8(23)

Таа е на три ката и располага со парцела од 3 хектари. Во винарската визба има место за 11.000 шишиња.

Пало Алто – 7,95 милиони долари

s7(25)

Однадвор е едноставна, но внатре е импресивна. Има 4 спални и неодамна била реновирана.

Пало Алто – 9 милиони долари

s6(28)

Се вика “палата на цвеќето”. Изградена е во 1902 година. Има 6 спални и се наоѓа во историскиот регион Професорвил. Името доаѓа од тоа дека во 20 век тука си изградиле домови многу професори од Стенфорд.

Пало Алто – 9,995 милиони долари

s5(25)

Куќата е во колонијален стил и е изградена во 1929 година. Има 6 спални и огромен двор.

Пало Алто – 14,99 милиони долари

s4(23)

Има шест спални соби и е во стил на француско Шато. Располага со огромна визба за вино. Адресата не е пријавена. Романтиката ја дополнуваат многу статуи и огниште во дворот.

Пало Алто – 15,95 милиони долари

s3(25)

Домот има 5 спални и прекрасен двор. Парцелата е 546 квадратни метри. Има базен, спа центар, спортски клуб.

Ранч во Купертино – 18 милиони долари

s2(26)

Куќата од 40 хектари била изградена во 1866 година. Има 12 спални, 11 бањи, штала и овоштарници со прекрасен поглед кон Силиконската долина.

Пало Алто – 23 милиони долари

s1(31)

Изградена е во 1916 година и има 7 спални, огромен двор, тениско игралиште и базен.