Бен Бернанке, кој неодамна се повлече од функцијата претседател на Управата за федерални резерви на САД (FED), по осумгодишно управување со оваа институција планира да напише мемоари, јавуваат агенциите.
Бернанке ќе се фокусира на финансиската криза во 2008 година и планира да ја покрие целата своја кариера во FED. Под негово водство, Федералните резерви ги користеа сите традиционални методи за спасување на економијата. Кога тие беа исцрпени, Бернанке се свртува кон нестандардни мерки кои никогаш претходно не биле користени. Освен што ја намалуви краткорочната камата до речиси нула, Бернанк започнува програма за откуп на обврзници со цел да се забрза растот и да ја намали невработеноста, пишува АП.
Мемоари за својата професионална активност веќе издаде и Алан Гринспан, кој беше на чело на FED од 1987 до 2006 година, најдолго од сите негови претходници.