Т-Мобиле воведе нова понуда со која сите припејд корисници добиваат неограничен интернет во период од една недела, со секое дополнување на ваучер.
Откако корисниците ќе надополнат ваучер, за кратко време добиваат СМС известување со информација дека треба да се јават на 1463 за да ја искористат поволноста.
Со новата понуда, секој што има Т-Мобиле припејд број добива бонус – неограничен интернет, кој може да се активира до 7 дена од надополнувањето и да се користи во наредните 7 дена. Износот на дополнување на припејд кредитот нема ограничувања и е по желба на корисникот.
Воедно, на припејд корисниците им се нуди можност да купат смартфон со склучување на договори за доверба во припејд. Потребно е да се надополнува само 300 денари месечно во наредните 24 месеци. Кампањата почнува со HTC Desire 200, со цена од 2.990 денари и Alcatel Onetouch S’POP со цена од само 990.