Луксузни хотели наменети за дигитална детоксикација

43

Одмор без телекомуникации, наречен digital detox (дигитална декосикација), се претвора во целосно нов сегмент на пазарот на патувања. Се повеќе луѓе признаваат дека стануваат зависни од своите лаптопи и мобилни уреди и дека не успеваат да се откажат од нив ниту дома, ниту на одмор. За нив се појави овој вид на одмор, кој има за цел да им помогне на луѓето да се опуштат од тензиите постојано да се “на линија”. На слични тури почнаа и големите корпорации да ги испраќаат своите вработени.

Видете кои се 5-те најлуксузни хотели што лекуваат од зависност од технологија:

Arawak Beach Inn – заливот Ајленд Харбyр, Англиja

Цена: 999 долари

05

Во малиот хотел на корални острови нема ништо необично, освен тоа дека се молат гостите да ги остават во сефот сите дигитални уреди. Наместо да зборувате на телефон или да сурфате на интернет, вие ќе можете да изнајмите автомобил и опрема за нуркање и да го обиколите островот. Зелените предели, кристалната вода, белиот песок, јастози на скара и домашен рум ќе ве маѓепсаат и нема да помислите на вашиот телефон.

Vichy Spa Hоtel Les Cеlestins, Франција

Цена: 1.480 евра

4

Санаториумот со пет ѕвездички на познатата козметичка компанија се наоѓа среде геотермални извори. Програмата за опоравување која се нуди вклучува масажи, пилинг, бањи со кал и уште голем број постапки наменети за убавината и здравјето. Тука има терен за голф, хиподром, велосипедски патеки, шеталишта. Тука се нуди помош за лечење од разни зависности: од пушењето, па се до третман на зависноста од мобилни уреди и разни технологии.

Eremito, Hotelito Del Alma, Италија

Цена: 1.585 евра

3

Хотелот е создаден по моделот на средновековен манастир. Сопственикот Марсело Мурзили смета дека раскошот деновиве се состои во тоа да не се одвлекува вниманието со телефонското ѕвонење и да умее човек да се задоволи со малку. Тој тргнува од нула и користејќи само природни материјали успеал за четири години да го изгради хотелот наменет за романтичари како него. Тука има монашки ќелии, а во текот на денот гостите можат да шетаат низ градината во која има фонтана. За посекојдневно настроените посетители работи базен со џакузи, парна бања која е изградена во карпа. Исто така секој кој сака може да изнајми и да вози велосипед.

Renaissance Pittsburgh Hotel Питсбург, Пенсилванија

Цена: 2.450 долари

2

Раскошниот дизајн на хотелот во срцето на метрополата нуди програма “Зен и уметноста на детоксикацијата” за богатите семејства во кои родителите обрнуваат повеќе внимание на кариерата, отколку дома. Целта е да им се даде можност максимално да го искористат времето заедно.

Via Yoga Digital Detox Retreat Носара, Костарика

Цена: 3.295 долари

1

Сместен е меѓу националннот парк во хинду храм и тука се одржуваат јога часови предводени од гуру. Гостите живеат во еко – бунгалови и во слободното време можат да уживаат во масажа, сурфање и неограничена медитација.