ОКТА партнер на ОН во програмата за чисти горива и возила

49

Окта е единствената компанија во регионов, која е членка на Партнерството за чисти горива и возила. Како партнер во програмата за Животна средина за чисти горива и возила на ОН, Окта ги применува современите и еколошки начини на производство на безоловни бензини и нафтени деривати со ниска содржина на сулфур.

“Оваа програма е наменета за земјите во развој за да бидат во чекор со светските тенденции за престанување на производство на оловни бензини, како и намалување на емитирањата на сулфур”, информираат од компанијата.

Денес по повод Ден на дрвото, вработените од Окта ќе засадат дрвца во околината на рафинеријата, со цел да создадат зелена оаза која дополнително ќе допринесе за чиста и здрава животна средина.