Vodafone го презема шпански Ono за 7,2 милијарди евра

35

vodafone-onoБританската телекомуникациска компанија Vodafone се договори да го купи шпанскиот кабелски и интернет провајдер Ono за 7,2 милијарди евра, со цел да го прошири работењето во Европа.

“Побарувачката за унифицирани комуникациски производи и услуги е значително зголемена во последните неколку години во Шпанија и оваа трансакција ќе ја забрза нашата способност да го понудиме најдоброто во класата на шпанскиот пазар”, изјави Виторио Колао, главен извршен директор на групата Vodafone.

Ono има 1,9 милиони корисници и мрежа што покрива 7,2 милиони домаќинства или 41% од шпанскиот пазар.

Пред шест месеци Vodafone купи контролен удел во германскиот кабелски оператор Kabel.

Според аналитичарите, ваквиот договор ќе го стави Vodafone во подобра позиција кон своите ривали како Telefonica и Orange.