Погони на Calzedonia и Swarovski во Србија

53

Во индустриската зона Мали Бајмок, до следната пролет ќе биде завршен погонот на италијанската текстилна индустрија Calzedonia, изјави градоначалникот на Суботица, Модест Дулиќ и додаде дека веднаш потоа ќе започне изградба и на погон на австрискиот произведувач на накит, Swarovski.

Во октомври месец се поставени темелите и веќе е започната изградбата на погонот на италијанската компанија, на површина од 12.000 метри квадратни. Погонот ќе биде отворен на пролет, а до 2015 година, ќе бидат вработени 1.000 работници.

Во индустриската зона Мали Бајмок веќе работат, градат капацитети или се во подготовка да градат компании како Siemens, Continental, Norma group, Dunkermotoren.