Две девојки од Загреб одлучиле да дадат отказ во маркетинг агенција во која работеле и да отворат прв затворен чуван паркинг за велосипеди – Ланец за велосипеди. Идејата за овој оригинален бизнис ја добиле од пријател кој им се жалел дека веќе му украле два велосипеди, па сега низ град се вози со велосипед со пукнати педали, пишува Јутарњи лист.
Нивниот паркинг се отвора денес, во центарот на Загреб. Еден час чување чини две куни (16 денари), а ќе постои можност и за купување на месечен билет. На паркингот има место за 70 велосипеди, кои ќе висат закачени на куки. Во просторијата ќе има вработен кој ќе врши мали поправки на велосипедите.
Фото: Роналд Горшиќ, Cropix