Врвен туристички комплекс ќе никне на Охридското Езеро

24

Индиската компанија Сахара Индија Паривар, во Македонија ќе го реализира проектот Сахарајан Македонија. Предлогот беше доставен до премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески пред два дена.

“Ни претставува голема привилегија што по неколкумесечни подготовки ја составивме визијата на нашиот претседател Субрата Рој за локација од светска класа во градот Охрид и ќе ја претставиме на премиерот на Република Македонија и министрите од неговата Влада. Проектот е наречен ’Сахарајан Македонија’ и ќе се гради на 240 хектари во околината на Охридското Езеро. Ќе содржи хотели од светска класа, казина, станбени и рекреативни објекти и терен за голф по меѓународни стандарди”, изјави синот на Субрата Рој, Семанто Рој, кој е извршен директор и шеф на одделот за меѓународен бизнис на Сахара Индија Паривар.

Предвидено е комплексот да содржи објекти за рекреација, одмор, терени за голф, спа центри, марина-хотели, објекти за забава, казино на вода. Зад проектот стои една од најјаките светски компании, британската Аткинс.