Благодарение на ниските трошоци во социјалната област и на конкурентното стопанство, Естонија речиси и нема долгови. Таа служи за пример во еврозоната. Затоа што тој добро стопанисувал, министерот за финансии не сака да гарантира за долговите на другите земји од еврозоната и не прифаќа воведување евробоврзници.
„Сметам дека секоја земја е надлежна за сопствените долгови, оти инаку ќе биде поткопан целиот финансиски систем“, вели Јирген Лиги, министер за финансии на Естонија.
Фабриката за мебел го зголеми извозот во еврозоната по воведувањето на еврото во Естонија пред една и пол година. Сега раководствто се надева дека кризата на еврото наскоро ќе биде надмината.
„Колку повеќе се зборува за кризата на еврото, дотолку полошо ќе биде расположението кај потрошувачите и во земјите кои немаат евро, како Данска, Норвешка и Шведска“, вели Ролф Реландер, раководител во Белус.
Производителот на мебел од Финска има намера да го шири своето производство во Естонија. Досега година за година бележеше пораст на приходот, а извозот расте дури со најмалку 10%.
(Deutche Welle)