Првиот бизнис акцелератор во Македонија, што почна со работа во Скопје, ќе нуди помош на младите на почетокот на нивната професионална кариера преку високо специјализирани програми. Оваа македонско-американска компанија со канцеларии во Скопје и во Лос Анџелес, ќе работи на развој на иновативни проекти од ИКТ и креативните индустрии, во тесна соработка со академскиот сектор и со Владата, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација.
Компанијата ќе работи на интеграција на студентите, бизнисите, академијата и инвеститорите, кои на младите луѓе ќе им помогнат и ќе им овозможат да оформат сопствени компании. Ќе бидат ангажирани домашни и странски ментори и тренери со големо професинално искуство.