Имате проблеми со наплата? ЦЕЕД Mакедонија и EOS Матрих Ви препорачуваат: Програма за наплата на побарувањата!
Зошто ја дизајниравме оваа програма?
Во денешно време во услови на рецесија, еден од најголемите проблеми со кои се соочуваат фирмите е како да ги наплатат продадените услуги и производи и како да останат ликвидни. Овој проблем е особено присутен во земји со економија слична на онаа во Македонија и поради вакви причини, за жал, голем број (особено микро и мали) фирми во Македонија секојдневно се затвораат.
Како да се намалат шансите од оваа негативна појава односно како до ефикасна наплата на услугите и производите? Дефинитивно, со внимателно осмислување и поставување на системот за наплата на побарувањата на фирмата, особено според моделите на други успешни компании од Македонија чиј систем функционира во условите кои постојат на нашиот пазар.
За каква програма станува збор?
Програмата за наплата на побарувањата е куса и интензивна тренинг програма која нуди практични продажни, правни и финансиски знаења, алатки и насоки за усовршување на процедурите за наплата и зголемена ефикасност и ликвидност на работењето на компанијата.
Кому е наменета?
Наменета е за менаџери и членови на продажни тимови кои се директно или индиректно вклучени во процесот на наплата во една фирма, особено за микро и мали компании во кои системот за наплата не е строго систематизиран и прецизно организиран.
Кога ќе се спроведе?
Првата генерација од тренинг Програмата за наплата на побарувањата ќе се спроведе на почетокот на февруари 2013 г. Пријавувањето на учесниците трае до 1.02.2013 година или до моментот додека не се пополни групата на принципот “прв пријавен – прв услужен“.
Содржина на програмата:
Програмата се состои од 3 еднодневни модули, со траење од 4 до 6 часа.
Модул 1 – Политики и процедури за наплата во продажба
Модул 2 – Политики и процедури за наплата во финансии
Модул 3 – Политики и процедури за наплата во фаза на долг
Секој од модулите покрива специфични аспекти на наплатата.
(1) Првиот модул ќе се занимава со теми како што се максимална задолженост на клиентите, рабати, попусти за плаќање во готово, подолги валути и нова (повторна) продажба на неплаќачи (да или не?) (2) Вториот модул ќе се занимава со правните аспекти на наплатата, како што се правни превентивни мерки околу наплата на побарувања и правно издржани договори како превентивна алатка при наплата. Модулот ќе опфати и теми за вонсудската заштита, се со цел наплатата благовремено да се реализира. (3) Третиот и последен модул е фокусиран повеќе на финансиските инструменти за наплата и ќе покрива теми како финансиски инструменти и методи, пресметки на максимална задолженост на компанијата, рејтинг листа и негативна листа на компании неплаќачи, каматни листи и слично. Исто така, ќе бидат разгледани принципите на градење систем за наплата, вклучувајќи ги можните методи за наплата, мониторинг и следење на наплатата и алатките за комуникација со клиентите-должници.
Цена за учество:
Учеството во програмата чини 249 евра во денарска противредност + 18% ДДВ, за еден учесник, за сите три модули.
За организаторите:
ЦЕЕД Македонија (www.ceed-macedonia.org) е дел од меѓународната мрежа на ЦЕЕД претприемачки и менаџерски центри основани со цел забрзување на развојот на малите и средни претпријатија во источна и југоисточна Европа. ЦЕЕД Македонија започна со работа во септември 2007 година како петти центар во мрежата на ЦЕЕД центри кои постојат во Бугарија, Словенија, Романија, Црна Гора, Србија, Полска, Албанија и Косово а имаат партнерски центар во Русија.
EOS Mатрих (www.eos-matrix.com.mk) е дел од Групацијата EOS, една од водечките меѓународни финансиски компании на полето наплата и откуп на долгови. ЕОЅ Матрих нуди прилагодени и интегрирани финансиски решенија во делот на наплатата како за банки, телекомкомпании, лизинг и осигурителни друштва, компании кои обезбедуваат добра и услуги од јавен/комунален интерeс, односно B2C компании, така и за B2B претпријатија. Високо обучениот и стручен кадар на EOS Матрих, на клиентите им го нуди своето искуство и знаење, заедно со сопствената технологија и глобалната мрежа за нивните побарувања да бидат благовремено реализирани, а ликвидноста значително подобрена.
За дополнителни информации, Ве молиме обратете се на следните контакти:
Тел.: 02 3079-191, 3079-611 (ЦЕЕД Македонија)
е-mail: [email protected]
Контакт лице: Ана Трповска, ЦЕЕД Македонија