H&M планира да отвори четири нови продавници во Бугарија

24

HMЛанецот за облека Hennes & Mauritz (H&M) планира во Бугарија да отвори четири нови продавници до крајот на оваа година, соопштуваат од бугарското претставништво на компанијата. Две од нив ќе бидат во Софија и по една во Велико Трново и Благоевград. Од влегувањето во Бугарија во март 2012 година, досега оваа шведска компанија има отворено вкупно 12 продавници во шест градови.

Пазарот во Бугарија засега е меѓу најмалите за оваа компанија. Зад него се само оние во Латвија, Литванија, Естонија и Србија. Изминатата фискална година (ноември 2012 – февруари 2013), вкупните приходи во Бугарија изнесувале 29,7 милиони евра, што е раст од 118 % на годишна основа. На глобално ниво, продажбата изнесува 16,5 милијарди евра, со 6,4% раст на годишна основа, додека профитот е 1,9 милијарди евра, што е за 1,5% повеќе во однос на претходната година.

Кон крајот на март годинава, H&M имаше вкупно 3.216 продавници низ светот и планира до крајот на оваа година да влезе на нови пазари – Австралија, Филипини, Индија, но и да отвори многу нови продавници во САД и Кина.