Хотел во Загреб ќе организира вечери во воздух

57

1

Маса за 22 лица ќе биде подигната на 50 метри над загрепскиот хотел The Westin, како дел од проектот Dinner in the Sky®. Овој единствен настан од ваков вид во регионот, ќе се одржи од 11 до 15 јуни, под кулинарската палка на шефот на кујната Томислав Хрубан, еден од најдобрите во Хрватска и регионот.

Освен во вечера на висина од 50 метри, посетителите ќе можат да уживаат и во ручек, бранч на небо или во поглед на Загреб од единствена позиција, над самиот центар на градот, со коктел или шампањ.

Dinner in the sky® е дел од проектот Events in the sky и се одвива во преку 40 земји ширум светот. Сите концепти за безбедност се дизајнирани според германскиот стандард DIN 4112, а опремата е изградена во Белгија и претставува врв во безбедносните стандарди.

The Westin Загреб на овој начин придонесува за промоција на градот.

2

DinnerInTheSky