Од почетокот на годината, од регистарот на Агенцијата за стопански регистри на Србија се избришани дури 23 авто-школи, додека кај претприемачите значајно пораснал бројот на избришани рекламни агенции – дури 201 за три месеци, пишува Новости.
Кај претприемачите, меѓу новоосновани најмногу има регистрирано ресторани, угостителски објекти и кафулиња (1.138 претприемачи). Следуваат трговии на мало, фризерски и козметички салони.
Меѓу избришаните од регистарот, на прво место се трговиите на мало во неспецијализирани продавници, претежно со храна, пијалоци и тутун, а потоа следат работилници за одржување и поправка на моторни возила, ресторани, угостителски објекти, кафулиња и барови.