„На почетокот на годината имавме 20, а сега се 23 филијали. Ние многу веруваме во иднината на Македонија и за тоа да го постигнеме треба да бидеме во секој дел во Македонија“, изјави на отворањето на филијалата генералниот директор на банката Неџет Палачи и додаде дека според Халк банка Македонија е центарот на Балканот каде има одлични можности за инвестирање.
Според него, капиталот на банката сега е 30 милиони евра, а со спојувањето со Зираат банка, капиталот ќе изнесува 50 милиони евра. Според Палачи, Халк банка е отворена за граѓаните, но и за сите компании кои сакаат да инвестираат и да земаат поволни кредити.