Котор со минимална потрошувачка кошничка, која во март годинава изнесуваше 926,35 евра и понатаму е најскапиот град во Црна Гора, соопштуваат од Општинскиот синдикален комитет. Според податоците на агенцијата за статистика Монстат, минималната потрошувачка кошничка во март во Црна Гора изнесувала 797,90 евра.
Со просечна плата од околу 480 евра, можат да се покријат само 60,57% од минималните трошоци на четиричлено семејство во Црна Гора, односно 51,81% трошоци во Котор, пишува Побједа.