Microsoft веќе почна со маркетинг активности и денеска на YouTube ја пушти првата реклама за уредите на Nokia по завршувањето на преземањето. Со ова видео се најавува новата кампања под име #MoreColorfull.
Двете компании најавија дека преземањето на бизнисот со мобилни телефони на финска Nokia од страна на американски Microsoft е и официјално завршено, по одобрувањето на акционерите и регулаторните тела.
Microsoft на 3 септември ја најави својата намера да ја преземе Nokia за вкупно 5,44 милијарди евра.