Млекара Здравје Радово неколкукратно ќе го зголеми откупот на кравјо млеко

82

zdravje radovoМлекарата Здравје Радово, во изминатиот период, ги надмина своите проекции и очекувања за тоа колку кравјо млеко е доволно за суровина за нивните производи, па токму затоа во периодот што следува најавуваат неколкукратно зголемување на откупот на кравјо млеко од македонските фарми и фармери.

Зголемувањето на откупот на суровината се должи пред сѐ на зголемената побарувачка на производи во нашата земја, но изнадува и фактот дека сѐ повеќе нивни производи се барани на пазарите во соседството.

Токму затоа, во новите проекции од Млекара планираат во наредните две години да го зголемат откупот на кравјо млеко од домашни кооперанти и Млекара Здравје Радово да стане регионален лидер. Со оваа стартегија, планираат Македонија од увозно зависна да стане извозно ориентирана земја. Млекара Здравје Радово користи исклучиво домашно млеко, па токму затоа оваа стратегија ќе ја реализира со помош и во стратешка соработка со најголемите македонски фарми, а на своите потрошувачи ќе продолжи да им нуди традиционални прозиводи по европски стандарди.

“Правејќи ги проекциите за сиот овој период, не изнеди фактот дека за нашите производи се повеќе има интерес и на странските пазари. Побарувачката е поголема отколку што ние планиравме. Токму затоа неопходен ни е зголемен откуп на домашно, квалитетно кравјо млеко. Ние сме млекара која 100% користи суровина од македонски фармери, токму затоа во соработка со најголемите фарми, но и мали домашни фармери кои произведуваат исклучиво квалитетно млеко, планираме да ги освојуваме извозните пазари. Бидејќи ги имплементиравме сите европски стандарди во нашите млекари, и сме рамо до рамо со било која млекара од Европа, очекуваме набрзо нашите производи да се најдат на пазарите на Европската Унија”, изјави Јован Дабевски, генерален менаџер на Млекара Здравје Радово.

Млекара Здравје Радово од минатогодишните остварени 120.000 литри дневен откуп, оваа година достигнува бројка од 150.000 литри секојдневен откуп на свежо млеко, а според динамиката порастот во иднина би требало да се движи од 250.000 во 2015, до 300.000 литри дневен откуп во 2016 година.