Поранешниот шеф на Nokia доби отпремнина од 24,2 милиони евра

74

stephen-elopПоранешниот шеф на Nokia, Стивен Елоп доби отпремнина од 24,2 милиони евра, што е за 30% повеќе од претходно објавената цифра. Голем дел од отпремнината е во вид на акции, кои пораснаа откако Microsoft го купи одделот на Nokia за мобилни телефони за 5,44 милијарди долари.

Кога прв пат беше објавено дека Елоп ќе добие 18,8 милиони евра отпремнина, информацијата предизвика негодување кај финската јавност, затоа што резултатите од работењето на компанијата тргнаа по надолна линија откако тој го презеде водството. Но, од Nokia соопштија дека Елоп според договорот има право на отпремнина, а 70% од износот го финансира Microsoft.

Елоп со заклучувањето на аквизицијата премина во Microsoft. Од договорената сума, 4,1 милиони евра отпаѓа на готовина, а 20,1 на акции.