Kако дел од проектот на УСАИД Бизнис без граници, во организација на Фондацијата Бизнис Стартап Центар Битола, денес ќе се одржи конференција насловена Што ние правиме за малите и средни претпријатија (МСП)?
Оваа конференција има за цел да им се понудат решенија, алатки и ресурси на малите и средни претпријатија, кои би им користеле за поуспешно функционирање во светот на бизнисот, како и следење на трендовите на пазарот.
Преку размена на знаење, вмрежување и учење, конференцијата треба да придонесе кон активирање на локалните ресурси, отварање на патот за развој на МСП и економски раст.
На конференцијата ќе се обратат амбасадорот на САД во Република Македонија Пол Волерс и министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски.