Пекинг казни 652 компании поради загадување

43

peking zagaduvanjeВластите во Пекинг во првите четири месеци од оваа година парично казниле 652 индустриски капацитети поради кршење на прописите за заштита на животната средина, пренесува Reuters.

Квалитетот на воздухот во Пекинг внимателно се следи откако над градот се појави густа магла, што предизвика паника кај населението.

Премиерот Ли Кеџианг во март му објави “војна“ на загадувањето, а презема и мерки за намалување на преголемата зависност на економијата од тешката метална индустрија.

Канцеларијата за заштита на животната средина во Пекинг од казни во првиот квартал на оваа година наплати казна во износ од околу 2,3 милиони долари.

Кина воведе низа мерки за да ги реши проблемите со прекумерното загадување, а градските власти освен изрекување максимални казни од 80.000 долари, наплаќаат и дневни казни за кршење на прописите за компаниите кои својата казна не ја плаќаат на време.