Турција е новиот пазар за Макпрогрес

51

Освојувањето нови пазари е скап и долготраен процес кој бара многу вложувања и трпение. Има огромен број бариери, за чие пребродување неопходно е  компанијата да има квалитетна стратегија. Со оваа особина гордо може да пофали компанијата Макпрогрес која има сертификати за производство на безбедна храна под строго контролирани услови и целосно ги исполнува строгите меѓународни стандарди за извоз. Моментално повеќе од 75% од производството е наменето за извоз и тоа во повеќе од 30 држави ширум светот.

Долгата листа на земји во кои извезува Макпрогрес е зголемена за уште една држава, поточно во август оваа година компанијата го оствари својот прв извоз во Турција. Пазарот во Турција е многу голем со многу силна конкуренција во делот на кондиторски производи и токму овие особини се предизвик за Макпрогрес уште повеќе да го зголеми својот извоз.