Потребите на македонските компании во насока на подобрување на конкурентноста

37

konkurencija

“Конкурентноста на претпријатијата во Македонија и видувања за подобрување на конкурентноста на македонското стопанство“ беше темата на тркалезната маса што се одржа денеска во просториите на CEED Македонија.

Целта на студијата, што беше спроведена во текот на првите три месеци од оваа година, е да ја одреди перцепцијата на менаџерите на компаниите во Македонија во поглед на нивото на конкурентност.

Преку интеракција и меѓусебна комуникација се идентификуваат проблемите со кои се соочуваат  менаџерите на компаниите во Македонија, а се со цел да се подобри нивото на конкурентноста. Преку низа предлози може на конструктивен начин да се подобри конкурентната клима како солидна основа на македонското стопанство.

Во рамки на истата, CEED Macedonia, заедно со 30-тина членови на CEED Club беа дел од студијата.