Дебата на тема “Зајакнување на соработката меѓу домашните и странските инвеститори“

35

Министерството за економија денеска организира дебата на тема “Зајакнување на соработката меѓу домашните и странските инвеститори во Република Македонија“.

Дебатата ќе ја отвори и ќе ја води министерот за економија Ваљон Сараќини. Предвидени се презентации од претставници на владините институции и на експертите.

На дебатата ќе учествуваат министерот задолжен за странски инвестиции Веле Самак, како и претставници на Стопанската комора на Република Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија, Сојузот на стопански комори на Македонија, Советот на странски инвеститори и професори и експерти од областа.