НБС: Банките да не наплаќаат провизија за уплата на помош на загрозените подрачја

39

narodna banka na srbija

Народна банка на Србија (НБС) ги повика сите банки да покажат солидарност и да не наплаќаат провизија за уплата и пренос на средства на динарски и девизни сметки што се отворени заради помош на загрозените и за отстранување на последиците од поплавите.

“НСБ ги повикува сите банки да ја земат во предвид тешката ситуација што ја зафати цела земја и да покажат солидарност така што нема да наплаќаат провизија по основ на уплата и пренос на средства на наменските динарски и девизни сметки за помош на загрозените и отстранување на последиците од поплавите, а исто така да не наплаќаат провизија за отворање и водење на овие наменски сметки“, стои во соопштението од кабинетот на српскиот гувернер.

Српската централна банка ќе го објави список на банки кои се согласија да ја применуваат таа одлука.

НБС ги повикува сите донатори средствата за помош на загрозените и за отстранување на последиците од поплавите да ги собираат на посебни наменски динарски и девизни сметки за да може, во рамки на овој повик, да бидат ослободени од трошоците при уплата и пренос на средствата.

komercijalna banka srbija

Прва меѓу банките е Комерцијална банка, која ги укина провизиите на сите уплати физички и правни лица за помош на загрозените во поплавените подрачја во Србија.