Momentum Machines, старт – ап компанија за изработка на роботи, која е со седиште во Сан Франциско, е на пат да ја револуционира Fast food индустријата преку автоматска машина за правење бургери.
Компанијата планира да го отвори првиот “смарт ресторан” во светот, каде храната би ја готвеле роботи.
“Нашата алфа машина ги заменува сите подготвувачи на бургери во еден ресторан. Може да прави се што вработените прават, само подобро”, стои на веб-страната на Моментум Машинс.
Од компанијата ветуваат дека за една година парите вложени во машината ќе се исплатат и нема да има потреба од готвачи во рестораните. Тоа ќе овозможи ресторанот да вложи многу повеќе во квалитетни состојќи и да и даде нов попрефинет вкус на брзата храна.
Освен што ги готви и обликува плескавиците, машината ги сече сите други останати делови од бургерот, ги сместува помеѓу лепчињата, па дури и ги пакува нарачките за муштериите што чекаат.
Како бонус, овој робот може да ги прави бургерите според индивидуланите вкусови на купувачите, како на пример ектра салата или поинакво мелено месо.
Машината, која може да произведе околу 360 бургери во еден час, зафаќа површина од само 24 метри квадратни, што овозможува да се добие повеќе простор како и повеќе време за подобрување на целокупното работење во ресторанот.
“Брзата храна веќе не мора да се спомнува во негативна конотација. Благодарение на нашата технологија, рестораните ќе можат да понудат бургери со гурмански квалитет по цени за брза храна”, велат од Momentum Machines.