Атлантик група ќе ги освојува пазарите на Русија, Турција и Африка

122

Атлантик група доби синдициран кредит од 307 милиони евра свеж капитал. Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) учествува со 232 милиони, додека за остатокот ќе се погрижи Светска банка преку својот инвестициски огранок IFC.

“Организирањето на голем кредит за Атлантик беше сложен процес кој се растегна на шест месеци. Успешниот крај е пресвртен момент за нашата компанија, но и за целиот регион. ЕБРД ќе ни помогне во ширење не само во регионот, туку и надвор од него”, изјави првиот човек на Атлантик група, Емил Тедески.

Тедески вели дека амбиција на компанијата е да се шири на пазарите во Русија и земјите од поранешниот Советски Сојуз, северна Африка и Турција. Тој не ја исклучи можноста за превземање нови компании, а неодамна најави дека е можно да купи нови фирми во Србија.

Во рамките на Атлантик група работат Цедевита, Нева козметика, Multipower, Диетфарм, Мултивита, македонскиот дистрибутер Вичишки комерц, потоа Дрога Колинска со Кокта, Гранд кафе, Соко Штарк и Паланачки кисељак.