ЕУ го скрои буџетот за 2013

45

Преговарачите од земјите членки на Европската унија постигнаа првичен договор за нацрт буџетот на 2013 година во вредност од скоро 133 милијарди евра, при што трошоците се зголемени за шест милијарди евра во однос на оваа година.

Договорот обезбедува продолжување на реализацијата на неколку програми на подрачјето на вработувањето, образованието и истражувањата, на кои им се закануваше укинување поради буџетскиот дефицит.

Во согласност со договорот, буџетот на ЕУ за следната година ќе биде ограничен на максимален износ од 132,84 милијарди евра, што е 2,9% повеќе отколку годинава.

Успешното завршување на преговорите за буџетот на ЕУ за 2013 година  ќе овозможи европските влади да се фокусираат околу носењето на долгорочен буџет на ЕУ за периодот 2014 – 2020, тема на која владее големо несогласување меѓу членките.

Договорот за нацрт – буџетот треба да го одобрат членките на ЕУ и Европскиот парламент.