Хрватско – словенечки старт-ап за трудници привлече рекордни 4,5 милиони долари инвестиции

57

BELLABEAT

Загрепскиот математичар Сандро Мур и словенечката уметница Уршка Сршен, со својот старт-ап за трудници Bellabeat привлекоа рекордни 4,5 милиони долари инвестиции. На листата инвеститори се најдоа многу познати имиња, како програмерот на Gmail, Пол Бухајт, основачот на TechCrunch, Мајкл Арингтон, Рон Конвеј, еден од најпознатите инвеститори во Силиконската долина, па дури и холивудската актерка Џесика Алба, пишува Пословни дневник.

Овој старт-ап за јавноста се отвори минатата година преку Indiegogo crowdfunding кампања, со која собраа 11.800 долари за BabyWatch. Овој уред ја следи работата на срцето на детето и ги испраќа информациите на мобилниот телефон на мајката. Таа потоа информациите може да ги споделува со пријателите или со лекарот. Откако за овој уред се заинтересира Y Combinator, еден од најпознатите светски инкубатори, младите претприемачи минале низ менторска програма и го смениле името во Bellabeat.

Bellabeat го сочинува тим од 15 луѓе, од кои девет се инженери кои работат во канцелариите во Загреб и Сан Франциско.