Шведската престолнина одлучи да започне нова програма со која би требало да се намали бројот на автомобили на патиштата, а со тоа и да се намали сообраќајниот метеж.
Оваа програма предвидува бесплатно отстапување на велосипеди на шест месеци на неколку десетина граѓани кои ќе се пријават, а за возврат би требало барем три пати во неделата да ги користат велосипедите наместо автомобилите.
Граѓаните на Шведска се познати по нивната љубов кон велосипедите и скоро половина од населението секој ден на работа доаѓаат со велосипед. Новиот проект има за цел да ги отстрани пречките што ги обесхрабруваат луѓето да ги користат велосипедите наместо нивните автомобили.
Градските власти најавуваат дека по завршување на пилот проектот возачите кои биле вклучени ќе можат да си купат нов велосипед по намалена цена.