Економскиот факултет при Универзитетот Свети Кирил и Медодиј (УКИМ) и Стопанската комора на Македонија – Турција (МАТТО) денеска потпишаа меморандом за соработка.
Деканот на Економскиот факултет, Љубомир Дракулевски, за соработката со МАТТО посочи дека студентите ќе имаа одлична можност да се стекнат со меѓународни искуства во реномирани компании од Турција.
“Во наредниот период очекуваме поинтезивна соработка на двете институции во разни аспекти на соработка. Тука не подразбираме само за стекнување на искуства на нашите студенти во компаниите што се во Македонија, туку подразбираме и заеднички проекти, подразбираме помош од Економскиот факултет до компаниите од Турција во Македонија, но подразбираме и поддршка на овие компании кон активностите на факултетот, како и подобро запознавање едни со други, а се во заеднички интерес“, рече Дракулевски.
Според претседателот на Управниот одбор на МАТТО, Туна Ејуп Кахвеџи, соработката на комората и факултетот претставува можност, науката и трговијата да дадат одлични резултати.
“Не ни е целта да профитираме, туку сакаме со оваа соработка да произлезат повеќе социјални проекти. Очекуваме студентите од економскиот факултет да стажираат во компаниите кои се наши членки, како и повремено да ги праќаме во Турција за да видат како се работи во различни средини“, рече Ејуп Кахвеџи на потпишувањето на меморандумот.