Tesla Motors ќе отвора европски развоен центар во Британија

75

tesla motors

Визионерот Илон Маск, сопственик на компанија Tesla Motors, планира да отвори развоен центар во Европа, и тоа некаде во Велика Британија. Причина за ова е создавање на електрични автомобили со знакот на компанијата по мерка на европските потрошувачи. Неофицијално, ваков центар би требало да се отвори уште следната година, а негова прва задача ќе биде создавање европска верзија на кросовеорт на Model X, кој ќе пристигне за неколку години.

Tesla веќе склопува автомобили во Холандија, па оваа локација може да стане и место на кое ќе се произведуваат првите електрични автомобили од овој бренд создадени стриктно за потребите на Европјаните.

Изминатиот викенд во Британија беа поделени првите клучеви од моделот S, а Маск изјави дека веќе има листи на чекање за следните купувачи.

Со модел S дома си замина и авторката на бестселерот “50 нијанси сиво”, Е. Л. Џејмс, но не со сив, туку со црвен автомобил.