Заваровалница Триглав со околу 39 милиони евра за исплата на дивиденда

29

triglav tab

На триесет и деветтото редовно Генерално собрание на акционери на Заваровалница Триглав, Управниот одбор ги претстави пред акционерите деловните резултати за 2013 година. Притоа е донесена одлука за распределба на дел од акумулираната добивка за исплата на дивиденди и тоа во износ од 38.649.751,60 евра или 1,70 евра бруто по акција. Генералното собрание на акционери го распушти Управниот одбор и Надзорниот одбор за 2013 година, додека за ревизор за 2014 година ја назначи ревизорската куќа ERNST & YOUNG ревизија, пословно световање.

Акционерите на Генералното собрание на Заваровалница Триглав гласаа за против-предлогот поднесен од акционер во врска со распределбата на 77.826.169,51 евра од добивка акумулирана во 2013 година.

Акционерите донесоа одлука да се распределат 38.649.751,60 евра од акумулираната добивка за исплата на дивиденди, односно 1,70 евра бруто по акција, а преостанатиот износ од 39.176.417,91 евра да се распредели во текот на следните години.

Акционерите беа запознати со Годишните извештаи на Заваровалница Триглав и на Групацијата Триглав за 2013 година. Групацијата Триглав успешно се справи со големите економски предизвици во 2013 година и оствари добри резултати во сите седум држави и на осумте пазари на коишто работи. Како што изјави Андреј Слапар, претседателот на Управниот одбор на Заваровалница Триглав, компанијата одржува високо ниво на финансиска стабилност. Оценката “A-“ за кредитен рејтинг доделена од реномирани агенции за кредитен рејтинг не само што е меѓу највисоките во Словенија и во регионот, туку претставува доказ и за финансиската стабилност на Триглав како најсилен играч во Јадранскиот регион.

Групацијата Триглав ја заврши деловната 2013 година со нето добивка од 69,9 милиони евра или 27% повеќе од планираното. Остварен е поврат на капитал од 12%. Во споредба со 2012 година, вкупната полисирана премија на Групацијата Триглав се намали за 4% и достигна 900,9 милиони евра. Пониската полисирана премија се должи на намалената економска активност и намалената куповна моќ на домаќинствата што се одразува преку пониска побарувачка за осигурителни производи во 2013 година.

Заваровалница Триглав, водечката осигурителна компанија во Словенија со пазарен удел од скоро 31%, оствари нето добивка во износ од 48,3 милиони евра што претставува 15% повеќе од планираното. Комбинираниот количник на матичната компанија беше подобрен, со намалување од 7,1%, на 85,3%. Полисираните премии од вкупно 605,8 милиони евра беа 4% пониски од планираното, бруто оперативните трошоци во осигурителната дејност беа 2% пониски од буџетираното, додека фактурираниот бруто износ на штети го надмина нивото во 2013 година за 9%.

Групацијата Триглав одговори на променетата состојба на пазарот преку редизајнирање на постојните и воведување на нови производи, преземајќи различни мерки за нивно пласирање на пазарот и продажба, како и промотивни понуди за намалување на одредени цени.

“Групацијата Триглав неодамна презема важни чекори за делумно олеснување на притисоците на приходите од премии. Во согласност со ревидираната стратегија, којашто беше редизајнирана минатата година, Групацијата ќе продолжи да се фокусира на профитабилност и поедноставување на работењето, фокусираност кон клиентите, подобрување на трошковната ефикасност на деловните процеси, вработување адекватен кадар, остварување развој и профитабилност на клучните пазари и одржување ефикасно корпооративно управување со компаниите во рамките на Групацијата Триглав. На тој начин, Групацијата Триглав не само што е активно насочена кон зајакнување на позицијата на целните пазари, туку продолжува да се развива во центар на осигурителната дејност во Југоисточна Европа“, изјави Слапар.

Во 2014 година, Групацијата Триглав планира да оствари 902,1 милиони евра во консолидирани бруто полисирани премии, што е приближно исто како и во 2013 година. Оваа година е предвиден малку повисок број на штетни настани, што наложува редовно приспособување на програмата за заштита на реосигурување. Консолидираниот бруто износ на штети се планира да достигне 668,5 милиони евра. Во 2014 година, Групацијата Триглав се очекува да оствари нето добивка од 65,6 милиони евра.

Генералното собрание на акционери го разреши Управниот одбор и Надзорниот одбор на Заваровалница Триглав за 2013 година. Покрај тоа, ревизорската куќа ЕRNST & YOUNG ревизија е назначена за ревизор на компанијата за 2014 година.

Генералното собрание на акционери ја усвои измената на член 2 од Меморандумот и членовите за здружување со вклучување на дејноста реосигурување и промена на редоследот на набројаните дејности на компанијата.