Turkish Airlines купува дополнителни 15 Boeing 737 MAX авиони

36

thy

Американски Boeing и авиокомпанијата Turkish Airlines вчера ја финализираа нарачката на 15 дополнителни 737 MAX 8s во вредност од 1,6 милијарди долари, соопштуваат од турскиот авиопревозник, пренесува Хуријет.

Договорот произлегува од најголемата нарачка на боинг авиони во историјата на турскиот авиопревозник, кога во мај минатата година нарача 70 од најпродаваниот 737. Нарачката од 50 нови 737 MAX и 20 Next-Generation 737 беше проценета на 6,9 милијарди долари. Како дел од договорот, Turkish Airlines ја прифати опцијата да нарача уште 25 авиони за 2,5 милијарди долари.

Boeing има преку 2.000 нарачки за 737 MAX, авион за кој се велат дека има предност од 0,8% оперативни трошоци по седиште во однос на A320neo на европскиот ривал Airbus.

737 MAX е одговор на Boeing на новиот A320Neo. Првите летови на двата авиони се закажани за 2016 година, а испораката на клиенти за почетокот на 2017 година.