Регионалната страница на Газпром ставена во функција

42

gazprom-benzinska-stanica

Потрошувачкиот сајт на регионалната малопродажна мрежа на Газпром е ставен во функција, пренесуваат српските медиуми.

Сајтот е наменет за потрошувачите од Србија, Босна и Херцеговина, Романија и Бугарија, а е достапен на јазиците кои се говорат во овие земји, како и на англиски јазик.

Страницата има за цел да одговори на потребите на различните категории на потрошувачи и да им овозможи едноставен пристап до сите детални информации за квалитетот на производите и услугите на бензинските станици на Газпром, како на поединците, така и на корпортативните клиенти и на медиумите.

Нафтена индустрија Србија (НИС) соопшти дека е започната и нова онлајн услуга – локатор на бензински станици, а на страницата може да се најдат информации за посебни понуди и промоции.

Целта на овој портал е информирање на купувачите за квалитетот на производите, а поединците и компаниите да можат да поднесат барање за издавање картички за купување гориво, нафтени деривати и широк спектар на најразлични производи, како и за плаќање на услугите што ќе се добијат од рестораните и пералните во земјата и странство.

Во рамки на ширење на малопродажната мрежа во регионот, компанијата интензивно работи на примена на интегриран систем на картички, што ќе се користи на бензинските станици на Газпром во Србија, Романија, Бугарија и Босна и Херцеговина.