Даночната и Царинската управа во периодот од 15 јуни до 15 септември ќе спроведува интензивни контроли кај даночните обврзници кои продажбата на стока и услуги ги наплаќаат со готовина. Особено внимание ќе им се посвети на Јадранското крајбрежје и Град Загреб, поради зголемениот даночен капацитет, соопштува Министерството за финансии, пренесуваат хрватските медиуми.
Ќе се контролираат угостители, продажни објекти, изнајмување на сместување, превоз, услужни дејности, како и места за посебни пригодни свечености, пазари, пекари, месари, ветеринарни и медицински ординации…
Во овој период, даночните инспектори ќе работат со посебен интензитет, од 0 до 24, секој ден вклучувајќи ги и викендите. На терен ќе бидат излезени повеќе инспектори од вообичаено.
“Ќе се преземаат сите мерки согласно законот, особено кон оние што не издаваат сметки, како и во случај на отстапување на состојбата во касата во однос на евидентираниот промет”, соопштуваат од министерството. Освен надзор на фискализацијата и данокот на додадена вредност, ќе се спроведува контрола на обврзниците кои имаат евидентирани неподмирени долгови кон државниот буџет.