Германскиот енергетски концерн RWE се откажува од учество во проектот за гасоводот Набуко. RWE својот удел од 16,1% ќе и го продаде на австриската компанија OMV, со што OMV ќе стане најголем акционер во Набуко, со сопственост од 33,3%.
Останати акционери во Набуко се Булгаргас (Бугарија), Боташ (Турција), Трансгас (Романија) и МОЛ (Унгарија).
Проектот Набуко е поддржан од Европската унија. Ова е проект за транспорт на природен гас од Азербејџан во Европа, за на тој начин да се намали зависноста на Европа од рускиот гас и од Гаспром.
Неговата изградба треба да започне во 2017 година.
RWE планира да продаде активи за седум милијарди евра до крајот на 2013 година во обид да го задржи кредитниот рејтинг и да ги намали долговите по неколку години скапи превземања и инвестиции. Компанијата се одлучи на ваков неопходен чекор откако Германија донесе одлука да се откаже од нуклеарната енергија.