Најдобрите 12 старт-ап бизниси во Африка

61

start up zelena

Старт – ап бизнисите во Силиконската долина вообичаено го уживаат вниманието на јавноста, но ретко кој слушнал за старт – ап во Африка. На овој континент е забележан зголемен раст од отворање на нови бизниси.

Според податоците на Светска банка, во Африка функционираат над 90 технолошки центри. Стартапите се фокусирани на решавање на прашањата поврзани со образованието, комуникацијата и транспортот, пишува Бизнис инсајдер.

Во 2013 година, голем број американски инвеститори ги вложија своите пари во африкански старт – ап бизниси. Ова се некои од најдобрите:

Obami – платформа слична на Facebook за едукација

obami

Obami е платформа која на едно место ги поврзува професорите, студентите и родителите. Целта на оваа социјална мрежа е сите нив заедно да ги поврзе со невладиниот сектор, малите бизниси и големите и успешни корпорации. Преку Obami, луѓето можат заеднички да комуницираат, да креирираат и да споделуваат најразлични содржини.

Spottm – приватна социјална мрежа за поврзување на соседи

spottm

Spottm е социјална мрежа што им овозможува на луѓето да се поврзат со нивните соседи. Преку оваа платформа можат да се купуваат или продаваат најразлични предмети, но Spottm често пати се користи за да се пријави криминал или некоја несреќа што се случила во соседството.

Мрежата е целосно приватна и безбедна. Кога нејзините корисници се зачленуваат, мора да ја верификуваат адресата на живеење.

mPava – им помага на луѓето од Гана и Кенија да најдат работа

mpawa

mPava е апликација за сите што бараат и нудат вработување. Компаниите што нудат работа можат да ставаат огласи со потребните квалификации на вработените, додека оние што бараат работа можат на платформата да постават своја кратка биографија, што ќе биде видлива за работодавачите.

mPava користи алгоритам за да ги поврзе работодавачите и оние кои имаат соодветни квалификација за одреденото работно место.

SleepOut – ги поврзува гостите кои бараат сместување со оние што нудат сместувачки капацитети

sleepout

sleepOut на едно место на сите посетители и туристи им овозможува да резервираат сместување во кампови, апартмани и ресорти во Кенија. Оваа страница го поедноставува пребарувањето за базени, куќи на плажа, пловни објекти или замоци.

22seven – сервис за управување со пари

22Seven

22seven функционира како личен менаџер за финансии. Корисниците добиваат совети за управување со личните финансии. Преку оваа апликација може да се видат сите финансии и сметки на едно место. 22seven, исто така, автоматски креира план базиран на трошоците што претходно биле направени.

Able Wireless – провајдер за безжичен интернет

able wireless

Able Wireless е претставник на Netflix за Африка. Им овозможува на луѓето да гледаат најразлични содржини кога и каде сакаат. Able Wireless произведува и сопствен set – top box, а креира и таканаречени hotspot места за интернет.

Dropifi – им помага на малите бизниси да одговорат на барањата на потрошувачите

dropifi

Оваа платформа им нуди можност на сопственици на мали компании да направат бизнис анализи, да ги визуелизираат и да одговорат на барањата и пораките на нивните потрошувачи. Над 8.000 мали бизниси од Африка го користат Dropifi.

SnapScan – плаќање сметки преку паметен телефон

snapscan

Со SnapScan луѓето можат да плаќаат во над 5.000 продавници ширум Јужна Африка. Оваа апликација е достапна за iOS, Андроид и Blackberry. Апликацијата го скенира кодот – SnapCode на сметката, потоа се внесувана сумата што треба да се плати, се внесува дигиталниот пин код и сметката е платена.

Jumia – портал број еден во Нигерија за електронска продажба

jumia

Инспириран од Амазон, Jumia е платформа за електронска трговија за купување најразлични предмети – од електроника до облека. Jumia обезбедува бесплатна испорака, а може да ја користат жителите на Мароко, Кенија, Египет, Нигерија и Брегот на слоновата коска. Во план е да се понуди оваа услуга и во Уганда.

Mellowcabs – бесплатен транспорт до одредено место

melowcabs

Mellowcabs располага со посебни возила на електричен погон. Целта на овој старт – ап е да ја исполни празнината во транспортот во радиус од два километри. Тоа растојание може да биде меѓу автобуската станица и домот, или меѓу местото за паркинг и стадионот или кино салата.

Со цел да понуди бесплатен превоз, Mellowcabs ги покрива своите трошоци така што нуди рекламни панели на заинтересираните компании и претставува своевидна реклама во движење.

Qurio – нуди висококвалитетно и евтино образование

Qurio

Пристапот до квалитетно образование се уште е голем проблем во Африка. Со Qurio многу лесно се креираат квизови, тестови и истражувања. Заинтересираните можат да ги одговараат од било кој компјутер или мобилен уред. Професорите можат да го користат Qurio за да спроведат квиз и веднаш да ги добијат резултатите. За да се користи Qurio не е потребно симнување на било каква апликација.

BRCK – им овозможува на луѓето во руралните средини да се поврзат на интернет

brck

BRCK e издржлив и модерен рутер што им помага на луѓето да се поврзат на интернет без разлика на местото каде се наоѓаат. Уредот може да се поврзе на повеќе мрежи и служи како центар за локални уреди. Овој уред нуди пристап до интернет дури и да нема електрична енергија.