Coca Cola ги затвора погоните за полнење на водата Бистра во Хрватска

48

Coca Cola HBC Хрватска објави дека постепено ќе ги затвори погоните за полнење вода во Готаловац, каде што се полни водата Бистра, а ќе започне програма за пренасочување на работите поради зголемување на конкурентноста и зачувување на стабилноста.

“Поради неповолната состојба на пазарот, производството на вода во Хрватска за Coca Cola HBC стана неодржлива. По спроведените анализи, компанијата процени дека нема економско оправдување за задржување на погоните за полнење вода во Готаловац. Нивната искористеност моментно е само 20%, затоа погоните за полнење вода ќе престанат со работа на 31 август следната година”, стои во соопштението на Coca Cola HBC Хрватска.

Оваа компанија и понатаму ќе остане на хрватскиот пазар, но во престојниот период повеќе ќе се посвети на својата основна дејност, производство и продажба на пијалоци.

Со новата програма на реорганизација, без работа ќе останат 79 луѓе, од кои 41 од магацините, 15 од меѓумагацински транспорт, 21 од погонот за полнење и двајца од административните служби.