Роботот Cassius наменет за чистење и одржување на тениските терени е патентиран од страна на нишката компанија Морена инженеринг. Овој изум ги воодушеви посетителите и експертите за роботика на саемот Аутоматик во Минхен, пренесува Пословни дневник.
За разлика од другите роботи што имаат иста намена, кои се снаоѓаат во просторот со помош на ласерски скенери и друга скапа опрема, Cassius функционира на друг начин.
“При чистење на тениските терени роботот се ориентира со помош на алгоритми и визуелна детекција на линиите на теренот и мрежите што го делат теренот“, вели Милица Арсиќ, задолжена за маркетингот на компанијата Морена инженеринг. Таа најави дека тимот работи на усовршување за да може роботот да ги собере топчињата од теренот.
Cassius беше вистинска ѕвезда на саемот во Минхен, па со денови по првата јавна презентација нишката компанија добивала понуди од странство за партнерство кога ќе почне сериското производство на овој робот.
“По првите неколку настапи, Cassius прецизно ги извршуваше поставените задачи, па посетителите и инженерските тимови од големите фирми доаѓаа на нашиот штанд за да се запознаат со применетата технологија и алгоритмите“, велат од нишката компанија за порталот Јужне вести.
Идејата за креирање на овој робот е на директорот на компанијата, Никола Петровиќ, кој е голем љубител на тенисот, но не сака да го рамни теренот и да ја чисти линијата, што во аматерскиот тенис е обврска на самите играчи. На проектот осум инженери работат веќе една година, а поддршката во проектирањето и изработката на механички делови пружиле уште две компании од Ниш – ТНГ и Мехатроника.